Менаџерите за продажба, маркетинг и развој се професиите коишто биле најбарани во онлајн огласите за работа во Европската унија минатата година со стапка од 26,6 проценти од вкупниот број онлајн огласи.
На второто место на листата најбарани професии во онлајн огласите за работа лани биле работниците во производството (22,4 проценти), а на третото работници во продажба (17,6 проценти). Менаџерите за трговија на мало и големо (16,8 проценти) и службениците за поддршка (16,7 проценти) се меѓу петте најбарани професии.
Оваа информација се заснова на податоците од индикаторот ОЈАР (OJAR), кој за прв пат го објави Евростат како експериментална статистика. Индикаторот е изведен од нов и иновативен веб-извор на огласи за работа преку Интернет, користејќи технологија за собирање веб-податоци. OЈАР ги наведува најбараните професии на интернет, покажувајќи каде регрутерите би можеле да се соочат со потенцијални предизвици за регрутирање на персонал.
Прочитај повеќе
Со „карта на можности“ до работа во Германија дури и без познавање на јазикот
Картата на можности нуди полесен влез на германскиот пазар на труд за граѓаните од држави кои не се дел од ЕУ
09.12.2024
Зошто се чувствувате заглавено на работа и како да се справите со тоа
Ако се чувствувате заглавено на вашата работа во моментов, не сте сами.
14.10.2024
Лицето што го вработив ми стана шеф. Што сега?
Многу луѓе не сакаат да слушаат совети од други, деловни или лични.
31.05.2024
Може ли да ја вработам мојата симпатија?
Не треба да ангажирате личност во која сте сериозно заљубени.
21.04.2024