Цените на електричната енергија во Франција досега годинава се тргуваа под нулата повеќе часови отколку во текот на целата 2024 година, намалувајќи ги приносите за инвеститорите во производството на електрична енергија.
До утрово вториот најголем пазар на електрична енергија во Европа имаше 363 часа негативни цени годинава, според анализата на „Блумберг“ врз основа на податоците на „Епекс спот“ (EPEX Spot SE). Соседните пазари, како Германија и Шпанија, исто така, забележаа рекордни бројки за сезоната.
Негативните цени стануваат почеста појава низ целиот регион бидејќи обновливата енергија ја преплавува мрежата. Иако тоа е добредојдена вест за многу потрошувачи, сепак за инвеститорите ваквата појава го десеткува приносот. Како што енергетската транзиција добива на темпо, операторите на мрежата треба да се справат со промените во понудата што го потресуваат пазарот.
Прочитај повеќе

Цените стабилни, мрежите под притисок: Регионот пред летен енергетски тест
Денеска еден мегават-час електрична енергија на берзата Хупекс се тргува по цена од 90 евра.
19.06.2025

Изобилството на ВИ зависи од обемот на електрична енергија на располагање
Светот на вештачката интелигенција се развива побрзо отколку што може да замислиме, но често се заборава на сė поголемата побарувачка за струја што го следи овој технолошки напредок.
12.06.2025

Денес е можно да украдете и ветер, а загубите се мерат во милиони
Kолку повеќе се градат ветерни електрани, толку појасно станува дека не е сè така идеално.
04.06.2025

Струјата во САД поскапа и за 180 отсто поради „седумте величествени“
Брзиот развој на технологијата, особено на вештачката интелигенција, бара многу електрична енергија.
04.06.2025
„Очекувањето е дека дефинитивно ќе има повеќе соларна енергија поттикната од зголемениот инсталиран капацитет и затоа ќе има повеќе негативни цени ова лето“, рече Мбонгени Дубе, аналитичар за енергија на „Блумберг НЕФ“.
Bloomberg Mercury
Тоа е исто така проблем за француската нуклеарна флота, бидејќи реакторите често се принудени да го намалат производството. Компанијата „Електрисите де Франс“ (Utility Electricité de France SA) во вториот квартал го модулираше производството на нуклеарна енергија за околу осум гигавати на дневна основа, што е над двојно повеќе од петгодишниот просек за истиот период, според податоците од мрежата.
Постојаното зголемување и намалување на производството поттикнува дебата во Франција за тоа дали обновливите извори на енергија треба да се ограничат за да се заштити одржливоста на нуклеарните реактори, кои сочинуваат повеќе од две третини од производството на земјата.
Сепак, со доаѓањето на потопло време, повисоките потреби за климатизација би можеле да резултираат со поголема апсорпција на сончева енергија во мрежата, што би можело да ги ограничи периодите на негативни цени.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...