Според нацрт-предлог во кој „Блумберг“ имал увид, Европската Унија планира да ги зголеми царините за увоз на челик на 50 отсто. Со овој потег, блокот ќе ја усогласи стапката со САД, кои се обидуваат да се спротивстават на прекумерното производство од Кина.
Во моментов ЕУ има привремен механизам за заштита на челичната индустрија, кој наметнува царина од 25 отсто на повеќето увози по исцрпувањето на квотите. Таа мерка истекува следната година, а Унијата работи на негова замена со постојан механизам, кој планира да го претстави следната недела.
Европската комисија, која е одговорна за трговските прашања во ЕУ, планира да ја зголеми царинската стапка на 50 отсто „за да се минимизира ризикот од пренасочување на трговијата“, се наведува во нацрт-документот.
Прочитај повеќе

Царините на Трамп за Бразил се ризик за глобалните пазари
Неочекуваниот потег на претседателот Доналд Трамп да се закани со царина од 50 проценти за Бразил ризикува да ги потресе глобалните пазари на стоки, нарушувајќи ја трговијата со сè, од говедско месо до кафе.
11.07.2025

Цената на железната руда паѓа – се очекува уште поголем пад
Цената паѓа четврти ден по ред, достигнувајќи под 93 долари за тон
17.06.2025

Трамп двојно ги зголеми царините за алуминиум и челик
Зголемувањето на царините Трамп го претстави како потег со кој што се штити националната безбедност и домашното производство.
04.06.2025

Почнува трговската војна: ЕУ подготвува царински контрамерки за САД
ЕУ ќе воведе царини за челик, алуминиум, текстил, виски, земјоделски производи, апарати за домаќинство, чамци и мотори, се наведува во соопштението.
12.03.2025
Повисоката царина би се применувала на увозот по достигнувањето одредена квота.
Плановите предвидуваат квоти за одредени типови производи врз основа на историски просек. Комисијата исто така ќе има овластување да воведува квоти по земји за различните категории.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...