Сите возрасни Швеѓани треба да чуваат готовина за една недела дома за да можат да купат храна, лекови и други основни потреби во случај на војна или друга криза, соопшти централната банка на Шведска.
Покрај 1.000 круни (110 долари) по возрасен, Швеѓаните треба да чуваат и банкарски картички од повеќе заемодаватели и да ја користат локалната услуга за онлајн плаќање „Швиш“ (Swish), соопшти „Риксбанк“ во средата во своите први упатства за плаќања насочени директно кон граѓаните.
Прочитај повеќе
Доларот падна најмногу во еден месец
Доларот падна најмногу во последниот месец по извештајот според кој ирански оперативци понудиле да разговараат за условите за завршување на војната.
пред 9 часа
Нафтениот шок од војната со Иран се заканува со глобален инфлаторен бран
Наглиот раст на цените на нафтата поради конфликтот со Иран може да донесе нов инфлаторен бран и да ја забави светската економија, предупредуваат аналитичарите.
пред 11 час
Војната на Блискиот исток ја тресе енергетиката - цената на нафтата расте
Нафтата скокна втор ден по ред откако САД и Израел ја засилија војната против Иран, при што влијанието на конфликтот врз енергетските ресурси во Персискиот Залив продолжува да расте.
03.03.2026
Европската економија може да издржи ако војната со Иран заврши за еден месец
Европа е најизложената голема економија на енергетски шок од војната со Иран, а исходот ќе зависи од тоа колку ќе трае конфликтот.
03.03.2026
„Јавноста е важен дел од вкупната одбрана на Шведска и е од клучно значење за зајакнување на националната подготвеност“, соопшти централната банка. „Имањето пристап до различни методи на плаќање ја подобрува способноста на јавноста да врши плаќања во случај на привремени прекини, кризи и, во најлош случај, војна.“
Препораките се најновиот напор на шведските власти да го подготват општеството за ефектите од воен или сајбер напад во услови на зголемени закани од блиска Русија и во помала мера од Иран. Владата веќе испрати брошура до секој дом во која им кажува на Швеѓаните, меѓу другото, колку вода за пиење треба да складираат и како можат да пристапат до вести за време на прекин на електричната енергија.
Шведскиот платен систем се смета за особено ранлив бидејќи е високо дигитализиран, со само околу едно од десет плаќања извршено со готовина.
„Риксбанк“ побара нов закон за заштита на статусот на готовината, но такво законодавство сè уште не е воведено. „Риксбанк“ сооопшти дека офлајн плаќањата со картички за храна и лекови треба да им бидат достапни на граѓаните во случај на нарушување на системот до 1 јули.
Централните банки на Финска и Норвешка, обете гранични држави со Русија, веќе издадоа упатства до своите граѓани за чување готовина и повеќе од една банкарска картичка.