text size
Нафтениот шок предизвикан од воените дејствија на Блискиот Исток и затворањето на Ормускиот Теснец продолжува да ја тресе глобалната економија и да ги зголемува стравувањата од забрзување на инфлацијата. Македонија не е исклучок од светските трендови и станува јасно дека се зголемува заканата инфлаторен вител да ја зафати земјава по вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за промена на цените на нафтените деривати со која цената на дизелот беше зголемена на 98 денари за литар, иако претходно Владата интервенираше преку намалување на акцизите и ДДВ-то за нафтените деривати. Причината е едноставна - дизелот доминира како гориво во Македонија.