Индексот на трошоците на животот во март 2026 година во однос на март 2025 година бележи зголемување од 4,9 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Во март 2026 година, во однос на февруари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 3,4 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,2 проценти, покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,6 проценти, рекреација, спорт и култура за 0,5 проценти, услуги за образование, лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги, храна и безалкохолни пијалаци за 0,4 проценти, облека и обувки за 0,3 проценти, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, информации и комуникации за 0,2 проценти, здравствена заштита, ресторани и услуги за сместување за 0,1 проценти.
Трошоците на животот во групата осигурување и финансиски услуги, остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во март 2026 година во однос на февруари 2026 година изнесува 100.9.
Прочитај повеќе
ММФ проектира забавен раст на македонскиот БДП
Енергетските шокови и инфлацијата остануваат главни ризици за економијата.
01.04.2026
Што да очекуваме ако 30 прехранбени производи веќе поскапеле пред нафтениот шок?
Извесно е дека македонските граѓани сега ќе мораат да ги приспособат семејните буџети за нови поскапувања, кои веројатно ќе следуваат по растот на цените на нафтените деривати во земјава.
02.04.2026
Инфлацијата во еврозоната нагло скокна поради поскапувањето на енергентите
Инфлацијата во еврозоната повторно забрзува под притисок на скапите енергенти. Расте притисокот за ново зголемување на каматните стапки.
31.03.2026
Француската инфлација забрза на највисоко ниво од август 2024 година поради војната
Потрошувачките цени во втората најголема економија во еврозоната се зголемија за 1,9 проценти во март во однос на истиот месец претходната година.
31.03.2026