text size
На прстите од една рака можат да се избројат прехранбените производи што поевтиниле во Македонија во февруари споредено со јануари 2026 година, покажуваат податоците за просечните цени на мало на Државниот завод за статистика. Намалување на просечните цени во овој период имало само кај компирот, слатката зелка, брокулата и бисквитите, а кај речиси сите други се бележи поскапување. Станува збор за поскапувања пред почетокот на војната во Иран (нападот од САД и Израел почна на 28 февруари годинава).