text size
Дизелот од вечерва на полноќ ќе поевтини за 6,50 денари за литар, а бензините ќе поскапат за половина денар за литар. Ова е денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која е речиси идентична со најавата од вчера на премиерот Христијан Мицкоски за новите цени на дериватите по намалување на акцизата и попустот што го дава „Окта“.