text size
Народната банка на Северна Македонија склучила договор со германската компанија Giesecke +Devrient Currency Technology GmbH (Гисеке +Девриент) вреден над 960 илјади евра со кој од компанијата купува машина за обработка селекција и унипштување на книжни пари. Ова е шести тендер кој Централната банка го склучува со оваа компанија, инаку добро позната на македонската јавност, од 2008 година наваму и речиси во сите тендери се набавуват или машини за парите или резервни делови за тие машини, но и услуги за сервисирање на стоката. Оваа компанија беше таа која го доби во 2005 државиот тендер за изработка на нови биометриски документи за лична иднтификација, тендер кој беше проследен со голема медиумска заинтересираност особено поради висината на сумата за која работеа овде.