text size
Македонија како Дубаи. Не е споредливо, ама не е и нескромна споредбата, секако, ако се земат предвид сите околности. Ги анализираме изградените станови кои зјајат празни – и во главниот град и во другите градови во земјава. Во бројки, во повеќе од третина од становите во земјава не живее никој. Според последните податоци од пописот спроведен од страна на Државиот завод за статистика во 2021 година, од вкупно 839.174 стана, дури 307.187 се без постојан домаќин.