text size
Туризмот се враќа во нормала по паднемијата. Според податоците од Државниот завод за статистика, за осум месеци бројот на туристи се покачил за 35,1 отсто во споредба со истиот период лани, додека реализирани се за 20,1 отсто повеќе ноќевања. Годинава во периодот од јануари до август Македонија угостила вкупно 677.843 туристи, од кои 328.653 домашни, а 349.190 странски.