text size
Високата инфлација предизвикана од промените во снабдувањето, геополитичките тензии по инвазијата на Русија во Украина предизвика сериозни промени во економските текови во земјите глобално. Во Македонија беше измерена рекордно висока стапка на инфлација во септември од 18,7 проценти, а според статистиката најголем раст има кај храната. На годишно ниво лебот има највисок раст на цената од 47,7 отсто со што веќе ја надмина цената на маслото чија цена годинава уриваше рекорди.