text size
Макроекономските проекции на буџетот за следната година се реални, но најголемата неизвесност доаѓа од развојот на настаните во Украина, кои и натаму влијаат врз понудата и достапноста на електричната енергија, енергентите, како и понудата, цените и достапноста на храна. Вака Никица Мојсоска-Блажевски, главна извршна директорка на „Македонија 2025“, го коментира буџетот што Владата веќе го усвои и претстави. Сепак, во разговор за Блумберг Адрија ТВ, таа вели дека има низа нејаснотии во тоа на кој начин е скроена државната каса.