text size
Државата треба да размисли за воведување скратени образовни програми кои ќе подготвуваат стручни работници. Едногодишни или двегодишни програми може да биде едно од решенијата за надминување на проблемот со недостигот на работна сила, вели во разговор за Блумберг Адрија, Владанка Трајкоска, претседателка на Организацијата на работодавачи.