„Обезбедени се финансиски средства за набавка на гас за топланата ’Скопје-Север’ за следните десет дена“, потврди првиот човек на топланата, Куштрим Рамадани.
Во изјава за МИА, Рамадани изрази очекување дека во следниот период ќе се најде заедничко прифатливо решение за да се надмине проблемот со парното греење.
„Се надевам дека ќе се најде заеднички прифатливо решение. Бевме на средба во Регулаторната комисија за енергетика, каде што присуствуваа и претставници од ЕСМ“, изјави Рамадани.
Прочитај повеќе
Цицонков: Се плашам дека ќе се повтори ланската криза во енергетиката
Професорот е децидно против употребата на мазут за работа на топланите, зашто загадувањето ќе биде огромно.
14.11.2022
ЕСМ купи гас за уште 15 дена
ЕСМ ја обезбеди потребната количина природен гас за работење на топланите Исток и Запад
12.11.2022
Без парно греење останаа домаќинства, училишта, градинки, здравствени установи од Чаир, Бутел и Топанско Поле, поради тоа што не беше потпишан договорот за деловна техничка соработка меѓу топланата „Скопје-Север“ и АД ЕСМ.