„Струја ќе има доволно, а од Нова година цената за домаќинствата нема да се зголеми, додека, пак, цената за малите компании што се на регулираниот пазар ќе се намали“, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
„Граѓаните да бидат спокојни, направени се сите подготовки, во континуитет ќе бидат снабдувани со електрична енергија. Се прават калкулации од 1 јануари да нема зголемување на цената на електрична енергија за домаќинствата, а најверојатно ќе има и намалување за малите потрошувачи“, истакна министерот.
Бектеши вели дека не знае дали може да дојде до хаварија на системот во текот на грејната сезона, но уверува дека се прават сите подготовки за да почне со работа третиот блок во РЕК Битола, кој требаше да биде ставен во функција во почетокот на овој месец.
Прочитај повеќе
Цицонков: Се плашам дека ќе се повтори ланската криза во енергетиката
Професорот е децидно против употребата на мазут за работа на топланите, зашто загадувањето ќе биде огромно.
14.11.2022
ББА-анализа: Струјата, гасот и горивата ќе „горат“ до пролет
Инфлацијата и нарушувањата во синџирот на снабдување продолжуваат да влијаат врз движењата на цените.
14.11.2022
Бислимовски: Цената на струјата ќе зависи од домашното производство
Трендот на враќање на фирмите на регулираниот пазар направи дополнителен увоз од 30 милиони евра.
07.11.2022
Скапо, прескапо: Колку чини енергетската криза за Македонија?
Енергетската криза досега го чинеше државниот буџет милијарда евра.
15.11.2022
„Веќе е испорачан дополнителниот трансформатор за третиот блок во Битола, најверојатно за една недела би требало да биде во Битола, каде што ќе има уште една дополнителна можност за производство на електрична енергија“, рече тој.
Во моментов земјава ги добива потребните количества струја за регулираниот пазар главно од домашните производствени капацитети, но бидејќи ТЕЦ Неготино не работи, дел од струјата се увезува. Според Бектеши, цената на берзата сега е поевтина отколку да работи термоцентралата.
„Сега е поевтино да увеземе струја отколку да работи ТЕЦ Неготино. Во моментот кога ќе биде спротивно, капацитетот веднаш ќе се вклучи во работа. Ако ја земеме предвид моменталната цена на мазутот, цената на производство на електрична енергија по мегават-час од страна на ТЕЦ Неготино излегува некаде 240-245 евра, а претходната недела увезувавме за 205 евра по мегават-час, зборувам за просечна цена, не за дневна, неделна, месечна. Имаме и резерви на мазут и веќе се прават сите подготовки за во континуитет да може да се стави во употреба во текот на грејната сезона“, рече Бектеши.
Ова не е првпат владини претставници да најавуваат дека нема да има корекција на цената на електричната енергија за домаќинствата од Нова година. Но сметките секако ќе бидат повисоки, затоа што данокот на додадена вредност за струјата се зголемува од пет на десет отсто. Според предлог-буџетот за следната година, ДДВ ќе изнесува 10 отсто до јуни, а потоа ќе се врати на 18 отсто, колку што изнесуваше пред кризата.