text size
Истражувањата и анализите покажуваат дека продуктивноста на малите и средните претпријатија од Македонија е помала во споредба со европската. Според Даниела Михајловска-Василевска од Стопанската комора на Македонија (СКМ), тоа се должи на структурата на самите претпријатија, но и на различните критериуми што ги класифицираат фирмите.