Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 отсто, при што за еден денар се зголемува цената на дизелот и на маслото за домаќинство, а цената на бензините останува непроменета.
Од вечер на полноќ бензинот еуросупер БС – 95 ќе се продава по 95 денари за литар, бензинот еуросупер БС – 98 по 97 денари за литар, а дизелот еуродизел БС (Д-Е V) ќе чини 86 денари за литар. Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) ќе чини 84,5 денари за литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,323 денари и ќе изнесува 54,640 денари за килограм.