text size
Дури третина од најголемите должници во земјава се здравствени установи. Во согласност со листата што квартално ја објавува Министерството за финансии, а во која се вклучени јавни и државни установи, заклучно со септември годинава од 30 најголеми должници, десет се од областа на здравството. Нивниот долг до третиот квартал годинава надминувал 68,5 милиони евра.