text size
Дури една третина од компаниите ќе затворат ако не се намали цената на струјата или не добијат државна помош за справување со енормните сметки за енергија. Ова го покажува анализата на Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ), со поддршка од Меѓународната организација на трудот, а врз основа на анкетирани 125 компании. Целта на истражувањето е да се оценат негативните ефекти од енергетската криза врз домашните компании што се снабдуваат со струја на слободниот пазар.