text size
Со прераспределбата на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите се обезбедија 7,25 милијарди денари или 118 милиони евра, првенствено за справување со енергетската криза, односно овозможување на сигурност во обезбедувањето со електрична енергија на граѓаните и бизнисот, како и покривање на трошоците за електрична енергија на институциите за нивно непречено функционирање и давање услуги на граѓаните. Одлуката за прераспределбата на овие средства денеска беше усвоена од Собранието.