text size
Иако е тешко, сепак бизнисот ќе се снајде за работници, но државата нема да ги задржи младите. Затоа се потребни сериозна соработка и комуникација меѓу институциите за да се овозможи плодна почва за развој на вештините на младите и на долго невработените лица за да одговараат на потребите на бизнисот и да останат во државата. Ова е само еден од заклучоците на денешната дебата за вештините на младите и потребите на пазарот на трудот, организирана од страна на Европската куќа во Скопје.