text size
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на вчерашната седница одлучи каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 процентни поени до нивото од 5,25 проценти. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Од Народната банка информираат дека во согласност со зголемувањето на основната каматна стапка, ќе се применува и повисока каматна стапка на кредитот преку ноќ.