text size
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесувала 34.364 денари, што е зголемување за 14,8 проценти во однос на истиот месец во 2021 година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Сепак, поради високата стапка на инфлација од 18,7 проценти во декември, минатата година реалната просечна плата бележи пад од 3,3 проценти во однос на истиот месец во претходната година.