text size
Стапката на инфлација во Македонија во февруари изнесува 16,7 проценти, што е благо намалување во однос на претходниот месец кога изнесуваше 17,1 проценти, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС). Цените на мало бележат зголемување од 12,4 проценти во февруари, а забележлив е пораст на цените кај повеќе основни прехранбени производи.