text size
По лебот, Владата ја замрзна цената и на тестенините и млекото и млечните производи. Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека од понеделник шпагетите и макароните ќе поевтинат за 15 отсто, а млекото и млечните производи од следниот петок ќе се продаваат по цена 10 отсто пониска од сегашната. Одлуката за замрзнување на цените ќе важи до крајот на мај годинава.