text size
Комитетот за оперативна монетарна политика при Народната банка одлучи да ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени до нивото од 5,5 проценти. Од Народната банка информираат дека на вчерашната седница е одлучено да се зголемат каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,40 и 3,45 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.