text size
Продолжува да опаѓа интересот за влез на пазарот на поштенски услуги во земјава, но намалениот број на оператори не ги намали понудата, обемот и приходите на поштенскиот пазар. По минатогодишното намалување на бројот на даватели на поштенски услуги за 10, од почетокот на годинава се укинати уште две општи овластувања, а исто толку се издадени и на пазарот сега работат 35, покажуваат податоците презентирани на денешниот јавен состанок на Агенцијата за пошти (АП).