text size
Покрај злоупотребите од одредени инвеститори што ги пумпаа цените, притисок врз растот на цените вршат и сопствениците на половни станови, вели меѓу другото во интервју за „Блумберг Адрија“ претседателот на Градежната комора, Ивица Јакимовски, одговарајќи на прашањето зошто Македонија е европски рекордер по растот на цените на становите.