text size
Вкупните побарувања од арбитражните постапки што се водат против државата изнесуваат милјарда и 365 милиони евра без затезни камати. Активни се седум постапки од 2017 до 2022 година кои ги води Националното тело за следење на арбитражните постапки, а основот поради кој се покренати е од пред 2017 година. Две од нив се сметаат за успешно завршени, а останатите се во различна фаза на постапување, јави МИА.