Малопродажната цена на еуродизелот (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,5, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) за 2 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на еуродизелот (Д-Е V) ќе биде 104 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 103 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините еурсупер БС-95, еурсупер БС-98 и на мазутот М-1 НС, не се менуваат. Еуросупер БС-95 и натаму ќе чини 109 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 111,5 денари , а мазутот М-1 НС за 53,3 денари за килограм.
Прочитај повеќе
Унгарски МОЛ го ограничува купувањето горива
Целта е да се обезбеди доволно гориво во период на зголемена побарувачка поради туристичката сезона и жетвата
24.06.2022
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Еуросупер БС-95 ќе чини 110 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 112, а еуродизел за 110 денари за литар
20.06.2022
Драстичен пораст на цената на бензините
Малопродажната цена на еуросупер БС-95 од денес изнесува 104 денари за литар
01.06.2022