text size
Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлуки за намалувања на маржите кај овошјето и зеленчукот, со што цените се очекува дополнително да се намалат до 30 проценти. Конкретно, Владата одлучи со посебна одлука да се пропише највисока трговска (профитна) маржа за овошјето и зеленчукот. И денеска е донесена Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со што се определува највисоката трговска (профитна) маржа, како посебен услов во трговијата со свежо овошје и свеж зеленчук.