text size
Во септември вкупните депозити се намалија за 0,2 отсто на месечно ниво, што во целост е одраз на падот на депозитите на корпоративниот сектор, при раст на депозитите на домаќинствата, соопшти Народната банка. Вкупните депозити во септември на годишно ниво се зголемени за 8,9 отсто, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот домаќинства.