text size
Просечна стапка на економскиот раст од 4,7 проценти во следните 20 години и побрз раст на животниот стандард со за 70 проценти повисок БДП по жител, како и значително намалување на стапката на сиромаштија, се дел од интегралното сценарио од Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044 година. Според министерот за финансии Фатмир Бесими ова сценарио е остварливо само ако има општествен консензус за клучните развојни приоритети, за градење на поконкурентна економија, напредни технологии и одржлив развој, повисок стандард и квалитет на живеење, чиста животна средина, безбедна и просперитетна земја.