text size
Владата на вчерашната седница одлучи до 29 февруари да го продолжи ограничувањето на цената на основните прехранбени производи и некои пијалоци. Како што информираат од владината прес-служба, Владата донесе одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.