text size
Просечната пензија не може да ги покрие трошоците за едно лице да го помине месецот во приватен дом за згрижување стари лица. Речиси во сите приватни домови најниската цена e 35.000 денари и достигнува до 50.000 денари. Медицинска нега од страна на стручни медицински лица, посета на доктор по општа медицина, исхрана што на дневно ниво се состои од три оброка и две ужинки, како и водење лична хигиена на лицето, се услугите што ги нудат домовите и се вклучени во цената.