text size
Во јуни годинава, вкупните депозити остварија месечно и годишно зголемување од 0,4 проценти и 1,8 проценти, коешто во целост е резултат на зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка. Истовремено, вкупните кредити во јуни, забележаа месечен и годишен раст од 1 и од 10 проценти. Од централната банка објаснуваат дека позитивната промена кај двете основи е одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.