text size
Управата за јавни приходи извести дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ. Додека трае ажурирањето и прилагодувањето граѓаните за да ги скенираат фискалните сметки, потребно е во мобилната апликација во делот „ПРОФИЛ“ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ каде што сега стои „Напреден“ да ја изберат опцијата „Основен“.