text size
Кумановските угостители стравуваат дека ќе има недостиг од кадар во пресрет на летната сезона. Тие бараат поддршка и нови мерки од институциите на системот кој ќе им овозможат младите да останат и да не бараат работа во други земји од регионот. Угостителите бараат промени и во наставните програми и содржини во средните училишта, како и воведување нови струки за овој сектор.