text size
Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа минимален месечен пад од 0,01 процентен поен(п.п.) и изнесува 4,27 проценти, додека на годишна основа оваа каматна стапка е намалена за 0,27 п.п., соопшти Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 0,67 проценти.