Европската банка за обнова и развој ја финализира новата стратегија за Македонија за периодот од 2025 до 2030 година, а за деталите од документот гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска разговараа со Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР во Македонија.
„Целта на состанокот беше да се споделат видувањата и разменат податоци за спроведување на транспарентен и инклузивен процес за изработка на новата стратегиска рамка за соработка со земјава. Дискусиите беа фокусирани на идентификување на приоритетите и можностите за поддршка на одржлив економски развој на земјава, поддршка на растот на приватниот сектор, како и на зелена, инклузивна и дигитална трансформација на економијата, согласно целите на ЕБОР“, соопшти НБРМ
Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска на средбата посочија дека Народната банка е посветена на соработката со ЕБОР во насока на зајакнување на економската отпорност и финансиската стабилност во земјава.
Прочитај повеќе

Народната банка со препораки за безбедно онлајн купување за Блек фрајдеј
Народната банка објави препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување во пресрет на периодот на попусти.
29.11.2024

Наскоро пресврт во Македонија: Ќе имаме електронски пари и електронски паричник
Освен банките, во улога на даватели на платежни услуги може да се јават и штедилниците, платежните институции, институциите за електронски пари, како и т.н. финтек-сектор.
13.11.2024

Како и зошто банките ја зголемуваат националната референтна каматна стапка?
Националната референтна камата е на највисоко ниво од 2018 година.
25.10.2024

Кредитните картички бледнеат, граѓаните се фрлија на купување станови
Се намалува атрактивноста на кредитните картички, а расте задолжувањето по основ на станбени, автомобилски и потрошувачки кредити.
10.10.2024

Кој плати највисока цена поради монетарното затегнување?
Германија плати најмногу.
27.09.2024
„Во сложеното економско окружување, кое носи повеќе ризици поврзани со геоекономската фрагментација, климатските промени, како и забавувањето на потенцијалот за раст на поразвиените економии, сè поизразена е потребата за спроведување институционални и структурни реформи, коишто ќе ја зголемат продуктивноста и потенцијалот за раст, односно за побрза конверегенција на домашната економија. Во изминатите неколку кризни години доходовната конвергенција стагнираше“, се наведува во соопштението.
На средбата беше нагласена и досегашната успешна соработка помеѓу Народната банка и ЕБОР и подготвеноста на оваа меѓународна финансиска институција за одржување на континуитетот во обезбедувањето поддршка за реформа на приоритетните сегменти, вклучително и во финансискиот систем.
„ЕБОР е посветена на поддршката на националниот и регионалниот економски развој на земјата преку сеопфатен и стратешки пристап. Со преку 2,9 милијарди евра инвестирани во 196 проекти од 1993 година, ЕБОР одигра клучна улога во зајакнувањето на конкурентноста, подобрувањето на инфраструктурата и поттикнувањето на дигитализацијата, енергетската одржливост и регионалната интеграција. Остануваме фокусирани на развојот на приватниот сектор, каде што со нашите напори ќе поттикнеме подинамична и поотпорна деловна средина. Исто така, посветени сме на понатамошно зајакнување на финансиската отпорност на земјата, поддршка на растот на приватниот сектор и обезбедување зелена, инклузивна и дигитална трансформација на економијата во согласност со нашите долгорочни цели за одржлив развој“, изјави Туркменоглу.