text size
Во услови на тешки времиња за домашната економија, неизвесност за бизнисот, зголемени трошоци и поскапувања на кредитите, во Македонија и дел од акционерските друштва кои се во државна сопственост имаат мачни проблеми. А ова не е новитет за АД Водостопанство на Македонија во државна сопственост чии неколку стотици вработени веќе трет месец немаат плата, ниту за нив се уплатени придонеси за пензиско и за здравствено осигурување. Дел од вработените за Bloomberg Adria сведочат дека во слична ситуација со осцилации се наоѓаат со години. Доцнења на платата имаше и минатата година, а имаат малку опции на располагање. Во моментов во АД Водостопанство на Македонија има над 600 вработени.