Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) во изминатиот период извршила повеќе дејствија во правните субјекти кои се опфатени со Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.
Оттаму информираат дека врз основ на прибавените податоци, против две друштва кои се активни во трговијата на земјоделски и прехранбени производи преку своја малопродажна мрежа на територијата на Македонија, поведена е прекршочна постапка поради непочитување на одредбите од Законот.
„Доколку по завршување на прекршочната постапка се потврди постоењето на прекршок, против правните лица и одговорните лица во истите ќе бидат изречени соодветни казни заради сторените прекршоци“, соопшти КЗК.
Прочитај повеќе

Се испитуваат 50 случаи за нефер трговски практики во Македонија
За пронајдените неправилности казните се големи, до 20.000 евра.
18.01.2025

Отсега нефер трговските практики ќе се казнуваат со 20.000 евра
Законот за нефер трговски практики по директива на ЕУ функционира од крајот на септември лани, ама казнувањето се спроведува од годинава
04.01.2025