Индексот на трошоците на животот во април 2025 година во однос на април 2024 година бележи зголемување од 2,6 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2025 година, во однос на март 2025 година, изнесува 0,6 проценти. Цените на мало во април 2025 година во однос на март 2025 година се зголемиле за 1,6 проценти.
Зголемувањето на инфлацијата во април 2025 година, во однос на март 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 5,1 проценти, облека и обувки за 1,5 проценти, рекреација и култура за 1,4 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти, здравје за 0,4 проценти и храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 проценти.
Прочитај повеќе

Аналитичарите се премислија, очекуваат повисока инфлација во Македонија
Испитаниците посебно ја нагласуваат зголемената неизвесност од трговските политики како фактор што би можел да предизвика нагорни притисоци врз инфлацијата.
09.04.2025

Инфлацијата во март изнесувала 2,7 отсто
На месечно ниво, статистичарите измерија инфлација од -1,3 отсто
07.04.2025

Македонија урна рекорд кај готовината во оптек: Испит за инфлацијата?
Македонија во изминативе години преживеа рекордна инфлација поттикната од војната во Украина и енергетската криза што следуваше потоа.
04.04.2025
Во април 2025 година, во однос на март 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: разновидни стоки и услуги за 0,7 проценти и алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 проценти.
Трошоците на животот во групите: домување, вода, електрика, гас и други горива, ресторани и хотели, комуникации и образование останале на исто ниво како и во претходниот месец.