Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП за периодот 2025-2027 година, спроведена во март, покажува промена во очекувањата, поточно очекувања за помало забавување кај просечната стапка на инфлација, како и мали надолни корекции во очекувањата за растот на БДП, информира Народната банка.
Во однос на инфлацијата, испитаниците и натаму очекуваат нејзино натамошно забавување и постепено стабилизирање на среден рок. Сепак, патеката на очекуваното забавување според оваа анкета е поумерена. Така, за 2025 година испитаниците очекуваат просечна стапка на инфлација од 3,7 проценти (3 проценти во претходната анкета), која би се свела на 3,1 проценти во 2026 година (2,5 проценти во претходната анкета). На среден рок, за 2027 година испитаниците очекуваат дека просечната стапка на инфлација ќе се стабилизира и ќе се сведе на 2,7 проценти.
„Испитаниците посебно ја нагласуваат зголемената неизвесност од трговските политики како фактор што би можел да предизвика нагорни притисоци врз инфлацијата, што може да се одрази со натамошното зголемување на трговските препреки, како и нарушувањето на синџирите на снабдување. Притоа, и натаму ги истакнуваат продолженото времетраење и неизвесноста околу војната во Украина и климатските промени, коишто влијаат врз цените на примарните производи, a особено врз цените на храната и енергијата“, информираат од Народната банка.
Прочитај повеќе

Инфлацијата во март изнесувала 2,7 отсто
На месечно ниво, статистичарите измерија инфлација од -1,3 отсто
07.04.2025

Македонија урна рекорд кај готовината во оптек: Испит за инфлацијата?
Македонија во изминативе години преживеа рекордна инфлација поттикната од војната во Украина и енергетската криза што следуваше потоа.
04.04.2025

Регионот Адриjа сè уште под силни инфлациски притисоци
Во целиот регион Адриjа оваа година започна под знакот на инфлаторни притисоци, а економските показатели укажуваат на континуирана пазарна неизвесност.
27.02.2025

ММФ: Кочница за платите на администрацијата, пензиите и каматата на Народната банка
Слабите јавни инвестиции, застојот на реформите во продуктивноста, емиграцијата и забавената активност на клучните трговски партнери го загрозуваат растот на среден рок.
26.02.2025
Како домашен фактор со слично влијание се посочуваат можните зголемувања на платите и на пензиите. Од друга страна, како фактори коишто би можеле да доведат до пониски стапки на инфлација се наведени пониската странска инфлација, постепеното стабилизирање на цените нa храната и енергентите, како и мерките преземени од страна на носителите на политиките.
Растат платите и пензиите
„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека во услови кога земјава се уште се бори со инфлацијата, а истовремено пензиите во два наврати се зголемија за вкупна сума од 5.000 денари и има значителен и континуиран раст на платите неизбежно се наметнува прашањето колку количеството пари во оптек е сразмерно со растот на домашната економија и дали овие зголемувања влијаат врз инфлацијата. Имено, вкупната сума готови пари во оптек во Македонија заклучно со минатата година веќе достигнала 66 милијарди денари (околу милијарда евра), што е убедлив рекорд и значително зголемување во однос на претходната година кога вкупната готовина во оптек изнесувала 56,9 милијарди денари (925 милиони евра).
Македонија во изминативе години преживеа рекордна инфлација поттикната од војната во Украина и енергетската криза што следуваше потоа. Народната банка во тој период успеа главно преку зголемување на каматата на благајничките записи и други инструменти да ја заузда инфлацијата. Откако таа спласна, НБРМ почна да ја релаксира монетарната политика. Но, првите месеци од годинава покажаа дека цените повторно растат на што монетарната власт реагираше со пауза во менувањето на референтната каматна стапка.
Што откако ќе се одмрзнат цените?
Државниот завод за статистика во понеделникот објави дека годишната инфлација во март изнесувала 2,7 отсто и дека цените на мало споредено со март лани се зголемиле за 2,2 отсто. Споредбата на податоците од март годинава со оние од истиот месец минатата година покажува зголемување на цените кај повеќе основни прехранбени производи.
На месечно ниво, статистичарите измерија инфлација од -1,3 отсто, а „намалувањето на инфлацијата во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 3.0 отсто, транспорт за 1.8 отсто, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.6 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.5 отсто и разновидни стоки и услуги за 0.3 отсто“, соопшти ДЗС. Во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано кај домувањето, водата, електриката, облеката и обувките, рестораните и хотелите...
За новите податоци за инфлацијата се огласи министерот за економија Бесар Дурмиши според кого тие се доказ дека владините мерките даваат резултати.
„Замрзнати беа цените на 8 групи основни прехранбени производи: млеко,леб, брашно (тип 400 и тип 500), јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко. Целта на овие мерки заштита на стандардот на граѓаните, намалување на цените на основните прехранбени производи и стабилизација на инфлацијата“, напиша Дурмиши.
Сепак, владините мерки истекуваат на 30 април, платите и пензиите растат, а светот влегува во трговска војна поради што оправдани се стравувањата дека инфлацијата повторно може да забрза.
Поумерен раст на БДПВо поглед на економската активност, испитаниците и натаму очекуваат забрзување на растот на среден рок, но малку поумерено. Така, испитаниците сега очекуваат економски раст од 3,1 проценти за оваа година (3,3 проценти во претходната анкета) и 3,5 проценти за 2026 година (3,7 проценти во претходната анкета). За 2027 година се очекува дека растот ќе забрза и ќе достигне 3,8 проценти. Испитаниците сметаат дека постепеното забавување и стабилизирање на инфлацијата, постепеното нормализирање на финансиските услови, како и растот на платите и пензиите би придонеле за раст на личната потрошувачка, што би се одразило позитивно врз економскиот раст. „Покрај ова, испитаниците очекуваат раст и на инвестициите преку зголемување на странските и на домашните инвестиции, забрзано остварување на јавните инвестициски проекти пред сѐ поврзани со патната инфраструктура и во енергетскиот сектор, како и на приватните инвестиции, коишто би биле дополнително поддржани од најавените кредити за компаниите со поповолни услови“, наведуваат од Народната банка. Во однос, пак, на ризиците, испитаниците ги посочуваат пред сѐ зголемената неизвесност на трговските политики и влошените изгледи за раст на економиите на главните трговски партнери, особено на Германија, неизвесноста од идниот тек на војната во Украина, како и климатските промени и нивното влијание врз синџирите на снабдување. Исто така, испитаниците ги наведуваат и случувањата на пазарот на трудот и емиграцијата, како и неизвесноста поврзана со текот на преговорите со ЕУ како потенцијални фактори на ограничување на економскиот раст во следниот период. |