Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка на вчерашната седница одлучи каматната стапка на благајничките записи да остане на нивото од 5,35 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на седум дена на нивоата од 3,95 проценти и 4 проценти, соодветно. Непроменета е и понудата на благајничките записи на редовната аукција и изнесува 10 милијарди денари.
„Со ваквата одлука се задржува внимателниот карактер на монетарната политика. И натаму се очекува дека нивото на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за ценовна стабилност на среден рок и за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото“, наведуваат од Народната банка.
Оттаму додаваат дека во услови на стабилен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката бил ставен на остварувањата кај инфлацијата и на ризиците поврзани со надворешното окружување и со домашните фактори што влијаат на агрегатната побарувачка.
Прочитај повеќе

Паѓаат каматите на кредитите, растат на депозитите
Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18 проценти и е зголемена за 0,01 п.п. и 0,46 п.п., на месечна и на годишна основа, соодветно.
28.02.2025

ММФ: Кочница за платите на администрацијата, пензиите и каматата на Народната банка
Слабите јавни инвестиции, застојот на реформите во продуктивноста, емиграцијата и забавената активност на клучните трговски партнери го загрозуваат растот на среден рок.
26.02.2025

Денари, евра, долари... Во што да се штеди во лоши геополитички услови?
Прв избор како најмалку ризично штедење треба да бидат денарот и еврото поради стабилниот девизен курс, политика што Народната банка успешно ја води.
26.02.2025

Анкета: Што ги тера македонските компании и граѓани засилено да бараат кредити?
Анкетата на Народната банка укажува дека во четвртиот квартал од минатата година има нетоолеснување на вкупните услови за одобрување корпоративни кредити, но послабо во споредба со претходниот квартал.
17.02.2025

Народната банка ја намали каматата на благајничките записи на 5,35 проценти
Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена остануваат непроменети, а понудата на благајничките записи на редовната аукција и понатаму изнесува 10 милијарди денари.
05.02.2025
„Во услови на нестабилен геополитички амбиент и воведување протекционистички мерки, забележлива е и зголемена променливост на пазарите на примарни производи“, посочуваат од Народната банка.
Од централната банка информираат дека просечната инфлација, во периодот јануари − февруари 2025 година, изнесува пет проценти, при пониска споредбена основа од истиот период од претходната година, но и при натамошен умерен раст на дел од ценовните категории на месечна основа. Месечната динамика на инфлацијата од почетокот на годината главно произлегува од цените на храната и енергетската компонента, додека базичната инфлација има неутрален придонес.
„И годишната динамика на базичната инфлација е релативно стабилна, при што во февруари беше забележано и одредено забавување. Во однос на инфлациските очекувања, во рамките на февруарските анкети на Европската комисија за очекувањата на потрошувачите преовладуваат очекувања за посилно намалување на цените во следниот период. Последните проекции за берзанските цени на примарните производи за следниот период се променети претежно во нагорна насока, што упатува на ризици и потреба за внимателност“, укажуваат од Народната банка.
Според монетарната власт, состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви, на крајот на февруари, изнесува 4,86 милијарди евра, што е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Промената кај девизните резерви од почетокот на годината е близу до очекувањата за првиот квартал на 2025 година.
„Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во јануари 2025 година засега е малку понизок во споредба со очекувањата за првиот квартал од октомврискиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со февруари 2025 година упатуваат на поумерени нето-приливи од приватните трансфери, во споредба со проекциите за првиот квартал“, соопшти Народната банка.
Оттаму додаваат дека остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања во четвртиот квартал од 2024 година е незначително повисок од очекувањата во согласност со октомвриската проекција, при истовремено повисоки остварени нето финансиски приливи во однос на очекувањата, особено кај директните инвестиции.
Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), од НБРСМ констатираат дека на последната седница во март беше донесена одлука за намалување на каматните стапки за по 0,25 п.п., под влијание на согледувањата за движењето на инфлацијата и силината на преносот на монетарните сигнали во еврозоната.
„Економскиот раст, во последниот квартал на 2024 година, благо забрза и достигна 3,2 проценти, што е речиси идентично со проекциите на Народната банка. Просечниот раст остварен за целата 2024 година изнесува 2,8 проценти и е повисок од очекувањата, при нагорни ревизии во податоците за првата половина на годината. Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2025 година во моментов се ограничени за попрецизни согледувања“, велат од Народната банка.
Во однос на ризиците за растот во следниот период, од централната банка велат дека тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со брзината и обемот на остварување на домашните инфраструктурни проекти. Во монетарниот сектор, депозитите и кредитите бележат солидни стапки на раст, коишто и натаму се повисоки од очекувањата за првиот квартал од годината, укажувајќи на поголема кредитна поддршка на економијата од очекувањата.
„Општо земено, последните остварувања кај клучните макроекономски показатели, како и согледувањата во однос на нивната идна патека, наметнуваат натамошно внимателно водење на монетарната политика. Ризиците поврзани со надворешното окружување и натаму постојат и добиваат на интензитет, додека внимателно се следат и домашните фактори коишто можат да влијаат врз побарувачката и ценовната динамика во наредниот период. Оттука, водењето внимателни макроекономски политики ќе биде приоритет и во иднина“, наведуваат од Народната банка.