text size
До кога ќе можат централните банки да ги користат референтните каматни стапки за да ја креираат монетарната политика е прашање што неодамна го зачна Светскиот економски форум (СЕФ) од каде што алармираа дека стареењето на населението претставува растечки предизвик за ефикасно користење на овие алатки. Оттаму укажаа дека се очекува уделот на населението на возраст од 65 години или повеќе речиси да се удвои до 2054 година. Со оглед на тоа што нашата земја исто така се соочува со демографско стареење, а Народната банка редовно ја користи каматата на благајничките записи за да влијае на економијата, анализиравме на што се должи предупредувањето од Светскиот економски форум.