Македонија

Народната банка ја намали каматата на благајничките записи на 5,35 проценти

Автор: Владимир Николоски

5 февруари 2025, 12:40

Намалување од 0,2 п.п.

Народната банка ја намали каматата на благајничките записи на 5,35 проценти

Александар Димитриоски/Bloomberg Adria

Владимир Николоски

Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка на вчерашната седница одлучи каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,2 п.п., на нивото од 5,35 проценти. Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена остануваат непроменети, а понудата на благајничките записи на редовната аукција и понатаму изнесува 10 милијарди денари.

„Ваквата промена во монетарната поставеност е одраз на поволните трендови кај инфлацијата и девизни резерви, а при и понатаму присутни и понагласени ризици поврзани со надворешното окружување. Покрај ова, има и ризици од домашните фактори коишто влијаат врз агрегатната побарувачка“, велат од Народната банка.

Во однос на надворешните ризици, оттаму посочуваат дека најавата за воведување нови протекционистички мерки може да предизвика повторно глобални инфлациски притисоци.

„Променливоста на пазарите на примарните производи, исто така, е забележлива, под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), како фактор којшто Народната банка исто така го има предвид, на последната седница во јануари, беше донесена одлука за намалување на каматните стапки за по 0,25 п.п., што е петто намалување од јуни минатата година“, наведуваат од Народната банка.

И натаму се очекува дека нивото на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за ценовна стабилност на среден рок и за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

„Инфлацијата се движи во рамките на очекувањата. Годишната стапка на инфлација во декември 2024 година изнесува 4,4 проценти и очекувано се задржа на слично ниво како во ноември, под влијание на споредбената основа во истиот период претходната година, заради мерките преземени тогаш за привремено ограничување на растот на цените“, велат од централната банка.

Од НБРСМ уажуваат дека годишната динамика на цените на храната и на базичната инфлација и натаму е стабилна, додека падот кај цените на енергијата умерено забавува.

„Притоа, остварената просечна стапка на инфлација во 2024 година изнесува 3,5 проценти и е на исто ниво со проектираната стапка, според октомврискиот циклус проекции. Во јануарските анкети на ЕК за очекувањата на потрошувачите преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период“, велат од Народната банка.

Во однос на очекувањата за берзанските цени на примарните производи, според најновите прогнози за 2025 година, направена е нагорна ревизија кај цената на нафтата, а надолна кај основните прехранбени производи.

„Иако инфлациските движења се во согласност со очекувањата, ризиците постојат и потребно е внимателно следење“, велат од централната банка.

Оттаму додаваат дека состојбата на девизниот пазар во континуитет е стабилна и движењата се поволни.

„Минатата година девизните резерви остварија раст, малку повисок од очекуваниот, со што нивото на девизните резерви на крајот на декември достигна 5.019 милиони евра. Ова е соодветно ниво за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута“, наглкасуваат од НБРСМ.

Растот главно произлегува од откупот на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во периодот октомври ‒ ноември 2024 година засега е понизок во споредба со очекувањата за четвртиот квартал од октомврискиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со крајот на декември се во согласност со проектираните нето-приливи од приватните трансфери.

Во однос на економскиот раст, расположливите високофреквентни податоци за периодот октомври – ноември упатуваат на натамошен раст во последниот квартал на 2024 година.

„Имено, градежништвото и прометот во угостителството бележат забрзан реален раст, а движењата во индустријата во четвртиот квартал се слични, што е во прилог на очекувањата за мало забрзување на економскиот раст во последниот квартал на 2024 година, за разлика од трговијата каде што реалниот раст е поумерен“, посочуваат од Народната банка.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Во однос на ризиците за растот во следниот период, од Народната банка велат дека тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот и динамиката на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти.

Во монетарниот сектор, депозитите и кредитите бележат солидни стапки на раст заклучно со декември и движењата се значително подобри од очекувањата за последниот квартал од годината, укажувајќи на поголема кредитна поддршка на економијата од очекувањата.

„Општо земено, последните остварувања кај клучните макроекономски показатели, како и согледувањата во однос на нивната идна патека, создадоа можност за натамошно внимателно нормализирање на монетарната политика. Ризиците од надворешното окружување и понатаму постојат и се понагласени, а будно се следат и ризиците од домашните фактори коишто можат да влијаат врз побарувачката и врз цените во следниот период. Оттука, водењето внимателни макроекономски политики ќе биде приоритет и во иднина“, велат од Народната банка.

Оттаму потенцираат дека „Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и ценовната стабилност на среден рок“.

 

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Неизвесноста проблем, но и можност – пет вести на денот
Билтен

Неизвесноста проблем, но и можност – пет вести на денот

Анализиравме како македонските компании гледаат на новата реалност и дали има опасност по македонската економија доколку Трамп повторно ја разгори трговската војна по тримесечниот мораториум.

14.04.2025

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите