Македонија

Анкета на Народна банка: Инфлација од 3 проценти во 2025 година

Автор: Владимир Николоски

15 јануари 2025, 10:35

Анкета на Народна банка: Инфлација од 3 проценти во 2025 година

Александар Димитриоски/Bloomberg Adria

Владимир Николоски

Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП за периодот 2024 ‒ 2026 година, спроведена во декември, не упатува на позначителни промени во очекувањата за просечната стапка на инфлација, додека очекувањата за растот на БДП се умерено повисоки, соопшти Народната банка.

Економските аналитичари и натаму сметаат дека постои висок степен на неизвесност околу текот на идните случувања и најголемите ризици ги поврзуваат со воениот судир во Украина, конфликтот на Блискиот Исток, но и зголемената неизвесност на трговските политики и ефектите коишто би ги имале климатските промени.

„Сепак, и во оваа анкета посочуваат дека постепеното забавување на инфлацијата, како и зголемената инвестициска активност во наредниот период би можеле да имаат позитивни ефекти во домашната економија“, наведуваат од Народната банка.

Во однос на инфлацијата, испитаниците и натаму очекуваат нејзино постепено забавување. Така, за 2024 година е направена минимална надолна ревизија (од 0,1 п.п.), така што сега очекуваат просечна стапка на инфлација од 3,5 проценти, додека за 2025 и 2026 година е направена минимална нагорна ревизија (од 0,1 п.п.) и испитаниците очекуваат просечна стапка на инфлација од 3 проценти за 2025 година и 2,5 проценти за 2026 година.

Слично како и досега, испитаниците очекуваат поумерени притисоци врз инфлацијата како резултат на постепеното стабилизирање на цените нa храната и енергентите, а исто така се очекува дека за забавување на инфлацијата ќе придонесат и мерките коишто ги презедоа носителите на политиките, како и забавувањето на странската инфлација. 

Како фактори коишто би можеле да предизвикаат нагорни притисоци врз инфлацијата и натаму се посочуваат продолженото траење и неизвесноста околу разрешувањето на војната во Украина и на конфликтот на Блискиот Исток, климатските промени, кои влијаат врз цените на примарните производи, а како дополнителен ризик во оваа анкета е посочена и зголемената неизвесност на трговските политики, што може да се одрази врз натамошно зголемување на трговските бариери. 

„Исто така, испитаниците сметаат дека можните зголемувања на платите, како резултат на случувањата на пазарот на труд, но и на пензиите, како и евентуалните влошувања во снабдувањето со енергија и порастот на цените на регулираниот пазар би можеле да доведат до евентуални дополнителни инфлациски притисоци“, посочуваат од Народната банка.

Во поглед на економската активност, кај очекуваната стапка на раст е направена мала нагорна ревизија. Така, испитаниците сега очекуваат економски раст од 2,5 проценти во 2024 година (2,2 проценти во претходната анкета), 3,3 проценти за 2025 (3,1 проценти во претходната анкета), додека за 2026 година очекуваната стапка на раст е 3,7 проценти, исто како и во претходната анкета.

 

Во однос на факторите коишто придонесле за ваквите очекувања, испитаниците сметаат дека постепеното стабилизирање на инфлацијата, отпочнатото намалување на домашните и на странските каматни стапки, како и растот на платите и пензиите би можеле да придонесат за раст на личната потрошувачка и инвестициите, што би се одразило позитивно врз економскиот раст. Исто така, испитаниците очекуваат зголемување на странските и на домашните инвестиции, како и забрзано остварување на јавните инвестициски проекти, пред сѐ поврзани со патната инфраструктура и во енергетскиот сектор, како и на приватните инвестиции, кои би биле дополнително поддржани од најавените поволни кредити за компаниите.

Од друга страна, како фактори коишто би можеле да влијаат негативно на идниот економски раст, испитаниците и во оваа анкета ги посочуваат влошените изгледи за раст на економиите на главните трговски партнери, а особено на Германија, неизвесноста од идниот тек на војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток, климатските промени и нивното влијание врз синџирите на снабдување, а дополнително ја посочуваат и зголемената неизвесност на трговските политики.

„Исто така, испитаниците и натаму ја наведуваат неизвесноста поврзана со текот на преговорите со ЕУ како потенцијален фактор на ограничување на економскиот раст во следниот период“, укажуваат од Народната банка.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите