Македонија

Анкета на Народната банка: Инфлација од 3,6 проценти во 2024 година

Автор: Владимир Николоски

10 октомври 2024, 09:42

Анкета на Народната банка: Инфлација од 3,6 проценти во 2024 година

Александар Димитриоски/Bloomberg Adria

Владимир Николоски

Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП за периодот 2024 ‒ 2026 година, спроведена во септември покажува надолна ревизија на очекувањата за просечната стапка на инфлација, без позначителни промени во очекувањата за растот на БДП, соопшти Народната банка.

„Економските аналитичари иако и натаму сметаат дека постои висок степен на неизвесност околу текот на идните случувања и најголемите ризици ги поврзуваат со воениот судир во Украина, конфликтот на Блискиот Исток, како и ефектите кои би ги имале климатските промени, сепак посочуваат и дека постепеното забавување на инфлацијата, како и зголемената инвестициска активност во наредниот период би можеле да имаат позитивни ефекти за домашната економија“, додаваат од Народната банка.

Во однос на инфлацијата, испитаниците и натаму очекуваат нејзино постепено забавување и нивните очекувања за сите три години се пониски во споредба со претходната анкета. Така, тие очекуваат просечна стапка на инфлација од 3,6 проценти за 2024 година (3,9 проценти во претходната анкета), 2,9 проценти за 2025 година (3 проценти во претходната анкета) и 2,4 проценти за 2026 година (2,7 проценти во претходната анкета).

„Слично како и досега, испитаниците и натаму очекуваат поумерени притисоци врз инфлацијата како резултат на постепеното стабилизирање на цените нa храната и енергентите, а исто така се очекува дека за забавување на инфлацијата ќе придонесат и преземените мерки од страна на носителите на политиките, како и забавувањето на странската инфлација“, наведуваат од Народната банка.

Како фактори коишто би можеле да предизвикаат нагорни притисоци врз инфлацијата, и натаму се посочуваат продолженото траење и неизвесноста околу разрешувањето на војната во Украина и на конфликтот на Блискиот Исток, како и климатските промени, кои влијаат врз цените на примарните производи. Исто така, испитаниците сметаат дека можните зголемувања на платите како резултат на случувањата на пазарот на труд, но и на пензиите, како и евентуалните влошувања во снабдувањето со енергија и порастот на цените на регулираниот пазар би можеле да доведат до евентуални дополнителни инфлациски притисоци.

Во поглед на економската активност, кај очекуваната стапка на раст не се направени поголеми промени. Така, испитаниците очекуваат економски раст од 2,2 проценти оваа година (2,3 проценти во претходната анкета), а за 2025 и 2026 година очекуваните стапки на раст од 3,1 и 3,7 проценти, соодветно, се исти како и во претходната анкета. 

 

Во однос на факторите кои придонеле за ваквите очекувања, испитаниците и во оваа анкета ги посочуваат влошените изгледи за раст на економиите на главните трговски партнери, неизвесноста од идниот тек на војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и климатските промени и нивното влијание врз синџирите на снабдување. Исто така, испитаниците и натаму ја наведуваат неизвесноста поврзана со текот на преговорите соЕУ како потенцијален фактор на ограничување на економскиот раст во следниот период.

Од друга страна, испитаниците сметаат дека постепеното стабилизирање на инфлацијата, отпочнатото намалување на домашните и странските каматни стапки, како и растот на платите и пензиите би можеле да придонесат за раст на личната потрошувачка и инвестициите, што би се одразило позитивно врз економскиот раст. 

„Дополнително, испитаниците очекуваат зголемување на странските и на домашнитеинвестиции, како и забрзана реализација на јавните инвестициски проекти пред сѐ поврзани со патната инфраструктура и во енергетскиот сектор“, велат од Народната банка.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година
Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда.

07.04.2025

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите